Генчовска: Петков предложи целосна ревизија на Рамковниот став, но ние го одбивме

Теодора Генчовска
Теодора Генчовска / Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Бугарската министерка за надворешни работи во заминување, Теодора Генчовска, пред Народното собрание изјави дека премиерот Кирил Петков испрати предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковниот став донесен од Народното собрание и Владата, но тој беше одбиен од МНР, јави БГНЕС.

„Преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Еден од нив е формулацијата на таканаречениот македонски јазик во историска и етничка смисла“, рече Генчовска коментирајќи дека новата рамковна проектна позиција не ја вклучувала бугарската позиција за јазикот.

Како што пишува БГНЕС, бугарскиот премиер Кирил Петков и официјално го изолирал МНР од процесот, со најавата дека сите одлуки ќе одат преку пратениците.

Сослушувањето на министерката Генчовска е за процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и одлуката за одобрување рамката за преговори.

Сослушувањето предизвика спор меѓу „Промената продолжува”, ГЕРБ и „Има таков народ”. Од „Има таков народ” предложија затворена седница за да може бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска да им соопшти на пратениците тајни белешки за разговори меѓу претставници на бугарската влада и дипломати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот