Гемиџии ќе протестираат за последната одлука на ОФС-Велес

Фото: facebook.com/Гемиџии-Велес

Во интерес на градот Велес и во интерес на иднината на фудбалскиот клуб Борец да оди по вистинскиот напад, со цел да бидат надминати сите предизвици со безрезервна поддршка и помош, популарните „Гемиџии“ на прес конференција упатија апел до раководството на Општинскиот фудбалски сојуз – Велс да се преиспитаат одлуките на последното годишно изборно собрание.

Во името на граѓаните на Велес навивачката група бара во најбрз можен рок да се донесе спортска одлука во интерес на сите велешани.

Ова доаѓа откако во петокот на собранието на ОФС Велес едногласно од 35 присутни делегати со мандат од четири години повторно беше избран досегашниот претседател Лазар Ракиџиев, а за потпретседател Роберт Гочевски.

Мирните протести се најавени за в петок од 16.00 до 18.00 часот пред Велешкиот театар.

– На велешани им ја искажуваме нашата подршка. Таа е на страната на клубот, ние не напаѓаме никого едноставно браниме, Браниме оставштина од нашите предци и аманет за идните поколенија. Во име на светото име Борец единствената светла точка во градот и нема да дозволиме 4 гласа за смрт на ФК „Борец” да ја згаснат нашата ѕвезда водилка. Го повикуваме секој гледач симпатизер навивач на 22. јануари – петок во мирен протест да изразиме подршка за клубот – велат од навивачката група „Гемиџии”.

Самиот протест ќе биде според сите препораки од Владата со носење на заштитна маска во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот