Гелатановски вели дека статусот на Фејсбук бил само шега

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска во полициска станица повикано е на разговор лицето Ѓ.Г., кој од неговиот личен профил споделил објава од Фејсбук пријател.

Оттаму соопштија дека по извршениот разговор лицето си заминало.

Од МВР не откриваат дали против Ѓ.Г. ќе биде поднесена каква било пријава, додека на социјалните мрежи, во знак на солидарност кон него, повеќе корисници ја споделуваат истата објава.

Станува збор за актуелниот директор на ЈУ Зоолошка градина- Скопје, Ѓорги Галетановски кој објави фејсбук статус во кој ги повика симпатизерите на одредена партија, при гласањето да го чкртнат зборот Северна.

-Мојата објава на Фејсбук профил беше шега и тоа им го кажав при давањето изјава. По еден час ми рекоа дека можам да си заминам- изјавил Галетановски за сдк.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот