Гејтс: Теориите на заговор не можат ни да се демантираат затоа што се толку глупави и чудни

Американскиот милијардер и филантроп  Бил Гејтс се огласи со реакција по повод теориите на заговор што го обвинуваат за разни злодела и мрачни намери во врска со коронавирисот, при што кажа дека тие приказни не ни можат да се демантираат затоа што се „ глупави и чудни”,  пренесува порталот Си Биз.

-Тешко е да се негираат такви работи затоа што тие се толку глупави или чудни. Колку повеќе луѓето ги повторуваат, толку повеќе веруваат во нив, рече Гејтс за време на телефонско интервју за њујоршкиот портал „Бизнис инсајдер”.

Тој најави донација од 1,6 милијарда американски долари од Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс” за глобалното истражување на вакцината против коронавирус.

Од почетокот на пандемијата, Гејтс е предмет на заговори кои го поврзуваат со коронавирусот.

Анкета на „Јаху њуз” покажа дека 28 проценти од возрасните Американци веруваат во теориите на заговор, со кои се сугерира дека Гејтс планирал да ја употреби вакцината за „Ковид-19″ за масовна имплантација на микрочипови, што би служеле за контрола и следење на милијарди луѓе.

-Тоа е толку бизарно што ќе посакате да мислите дека е шега, но всушност ваквите приказни не се шега, рече Гејтс, пренесен од „Бизнис Инсајдер”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот