Гејтс повеќе би сакал да потроши за вакцини отколку за патување на Марс

бил гејтс
Бил Гејтс на панел дискусијата на Конференцијата за безбедност во Минхен / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Милијардерот Бил Гејтс изјави дека би сакал повеќе да потроши на вакцините отколку на патувањето на Марс, бидејќи смета дека тоа не е добар начин да се користат парите.

„Всушност е прилично скапо да се оди на Марс. Можете да купите вакцини против сипаници и да спасите животи за 1.000 долари по човек“ вели тој.

Основачот на „СпејсИкс“, Илон Маск, изјави дека сака да го „колонизира“ Марс, додека основачот на „Амазон“, Џеф Безос, исто така се приклучи на „вселенската трка“. „СпејсИкс“, ракетната туристичка компанија основана од Маск во 2002 година, меѓу другите, како крајна цел ја постави да испрати летови со екипаж на Марс и да ја колонизира таа планета.

Основачот на Амазон, Безос, ја предводи авиокомпанијата „Блу Ориџин“ и направи кратко патување во вселената во 2021 година, додека британскиот тајкун Ричард Бренсон, исто така, стигна до работ на вселената со својот ракетен авион „Вирџин Галактик“.

Гејтс, ко-основачот на Мајкрософт, исто така верува дека вештачката интелигенција ќе го трансформира човештвото доста драматично: „Тоа ќе ни помогне да истражуваме медицински и научни прашања. Не се работи само за роботи, туку помага и за читање и пишување. Всушност, има повеќе напредок од роботите. И двете ќе ни дадат многу поголема продуктивност“.

Гејтс зборуваше и за тоа колку бил изненаден што станал цел на теории на заговор за време на пандемијата на ковид-19. „Не го очекував тоа“, рече тој, мислејќи на сугестиите дека профитирал од вирусот или самиот го започнал.

„За време на пандемијата, имаше неколку десетици милиони пораки дека намерно сум ја предизвикал или дека ги следам таквите луѓе. Тоа не е точно. Претпоставувам дека луѓето бараат некаков „плаш“ од зад сцената, некое преупростено објаснување. Злото е многу полесно да се разбере од биологијата“, изјави Гејтс за Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот