Гејтс по консултација со експерти предлага три чекори за справување со коронавирусот

Фото: EPA / Pete Marovich

Американскиот милијардер Бил Гејтс е човекот кој изминативе години неретко предупредуваше за евентуална пандемија. Тој зборуваше на оваа тема дури и на „TED Talks“ пред милионска гледачка публика, но како да не беше доволно застрашувачки тоа што го кажуваше на секој што сакаше да слушне. Сега, преку авторски текст за медиумот „Вашингтон пост”, Гејтс повторно предупредува, овојпат дека САД ја пропуштиле можноста да бидат чекор пред новиот коронавирус, но оти се уште’ не е доцна да се донесат важни одлуки  од кои ќе зависи бројот на смртни случаи, како и заздравувањето на економијата.

Гејтс наведува дека во разговор со голем број експерти и лидери заклучил дека е потребно да се преземат три чекори.

Гејтс посочува дека е потребен доследен национален пристап за решавање на проблемот, потоа зголемување на обемот на тестирање и трето, создавање единствена база на податоци заснована врз науката, која ќе работи на развој на вакцина.

– И покрај апeлите на експертите и властите во некои држави плажите и понатаму се отворени, во други рестораните и понатаму се преполни. Некои можат слободно да патуваат каде и како сакаат како и вирусот, наведува Гејтс, при тоа додавајќи оти се тоа е рецепт за катастрофа.

Тој потенцира дека мора да биде јасно оти секоја конфузија ги продолжува економските проблеми, ги зголемува можностите Ковид-19 да се врати и да предизвика поголем број смртни случаи.

Гејтс како втор чекор го наведува зголемено тестирање и објавување на резултатите, додека третиот чекор е создавање на база на потенцијални волонтери за клинички испитувања.

– За да се стави крај на болеста, потребна е сигурна и ефиканска вакцина. Ако работиме се како што треба би можеле да ја имаме за најмалку 18 мессеци, посочува коосновачот на Мајкрософт.

Тој предвидува дека ќе мора да се произведат милијарди дози вакцини.

– Како што видовме оваа година, пред нас е долг пат. Но, и понатаму верувам дека ако сега донесеме исправни одлуки, засновани на науката, податоците и искуството на медицинските екеперти, можеме да спасиме животи и да ја вратиме земјата таму каде што беше, истакнува Гејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот