Гејтс: Не направивме ни малку од тоа што можевме. Другите подобро одговорија на кризата

Пред осум недели кога Бил Гејтс беше последен пај на „Си Ен Ен“ во америка имаше 63.000 смртни случаи како последица на корона вирусот, а повеќе од еден милион заразени. Денеска овие бројки се дуплираат.

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, вели дека моменталната слика со вирусот корона, присутна во САД, но и ширум светот е „пострашна“ од тоа што тој очекувал да биде.

Тој за „Си Ен Ен“ истакна дека тоа што луѓето во Америка и понатаму умираат, покажува дека оваа земја не направила ниту „близу“ до тоа што требало да го преземе, со цел да го спречи ширењето на заразата. Според него тестирањето би можело да се одвива многу побрзо.

– Всушност, многу земји направија многу по однос на ова прашање, и технологијата таму станува се подобра. САД не покажаа координираност и не излегоа со лидерска порака, вели Гејтс.

– Гувернерот во Северна Дакота, мој пријател, мораше да им говори на граѓаните да не бидат лоши кон оние кои носат маски. Тоа во потполност ме запрепасти, вели Гејтс.

Исто така наведува дека е разочаран од американското водство поради начинот на кој се бори со овој вирус бидејќи целиот товар на болеста падна врз земјите како Бразил и Индија. Сепак, додава дека се уште има надеж САД да ги „зајакнат“ напорите во потрагата по лек и вакцина.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот