ГЕЈ-ПИНГВИНИ од зоолошката градина во Берлин посвоија јајце

пингвини
Flickr

Во Берлин, пред две седмици е одржана Парадата на гордоста на која учествуваа околоу десетина илјади луѓе, но еден машки пар посебно предизвика внимание кај јавноста.

Пар мажјаци од видот кралски пингвини во зоолошката градина во Берлин посвоија јајце отфрлено од една женка.

Скипер и Пинг и порано ги покажувале своите родителски инстинкти, така што, наместо да лежат на јајца, користеле камења, дури и риби, вели портпаролот на зоолошката градината.

Првата средба со вистинско јајце ја имале минатиот месец кога женка од кралските пингвини го отфрлила нејзиното јајце, а тие веднаш се го прифатиле.

Чуварите во зоолошката градината го ставиле јајцето пред машкиот пар и пингвините веднаш знаеле што треба да прават.

Тоа не треба да е чудно, бидејќи традиционалните парови пингвини ја делат обврската околу инкубацијата на малечките.

„Тие се во истополова врска. Покажуваат нормално однесување околу одгледувањето потомство. Но досега немалае јајце, како би ја задоволиле потребата од нега. Ова често се случува кај пингвините кои живеат заробени, но и во природата, доколку немаат адекватен партнер за парење, изјави Норберт Камел“, чувар во зоолошката градина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот