9 C
Скопје

Геј играч од Премиер лигата: Фудбалот сè уште не е подготвен за нас

Анонимен фудбалер кој настапува за екипа од Премиер лигата напиша отворено писмо во кое открива дека е хомосексуалец и со какви проблеми се соочува.

Засега единствен фудбалер кој јавно признал дека е хомосексуалец е починатиот Џастин Фашану, додека мал број на играчи се осмелуваат да ја откријат својата сексуална ориентација по завршувањето на кариерата.
Во медиумите во Англија сега се појави писмо од неименуван фудбалер од Премиер лигата која открива дека само неколкумина негови пријатели и членовите нас семејството знаат дека е хомосексуалец, но и дека чувствува оти не е подготвен тоа да им го каже на соиграчите и тренерот.

„Постои нешто што ме издвојува од голем број на фудбалерит во Премиер лигата. Јас сум хомосексуалец. Дури и со тоа што го пишувам ова писмо, правам голем чекор за мене. Но, само членовите на моето семејство и одреден број на пријатели знаат за мојата сексуална ориентација. Не чувствувам дека сум подготвен тоа да го поделам со соиграчите и тренерот. Голем дел од животот поминувам со овие момци и кога ќе излеземе на теренот – ние сме екипа. Но сепак, нешто одвнатре ми вели декане можам да бидам тотално искрен кон нив. Искрено се надевам дека еден ден и тоа ќе го направам. Знаев од својата 19 година дека сум геј. Какво е чусвството што мора да живеам така? Тоа е вистинска ноќна мора и се повеќе влијае на моето ментално здравје. Се чувствувам заробено и мојот страв од откривањето на вистината за тоа кој сум ги прави работите уште полоши“, стои во писмото на анонимниот фудбалер.

Прочитајте и...  Ракометарите против Белорусија го завршуваат настапот на Мундијалот

Поврзани вести

ВИДЕО: Атлетико сигурно чекори кон титулата, падна и Валенсија

Слободен печат

Швеѓаните ја растурија Русија, Франција е силна и без Карабатиќ

Слободен печат

Арсенал замената за Озил ја најде во Реал Мадрид

Слободен печат

Хит фотка: Стоилов и Пешевски во друштво на дебелкото од Конго

Слободен печат

Египет и Парондо одат според планот, реми со Словенија за четвртфинале

Слободен печат

ВИДЕО: Солскјер конечно го победи Клоп, Фернандеш го исфрлли Ливерпул од ФА купот

Слободен печат

Остави Коментар