Гечевски: Не знам како не им е мерак да направат среќни два милиони луѓе

Перо Антиќ со соопштение до јавноста/Фото: kfsm.mk

Тодор Гечевски како активен играч е еден од оние со најдолг стаж во репрезентацијата и дел од најголемиот успех на националниот тим и воопшто репрезентативен спорт – четвртото место од Евробаскетот во Литванија 2011.

Повеќе од 15 години беше стандарден во репрезентацијата, учествуваше на сите пет европски првенства и секако го има целиот кредибилитет да зборува за своите следбеници.

Затоа и спортскиот директор на нашата федерација не може да разбере каков е односот на поединци кои не сакаат да играат за репрезентацијата.

– Како играч кој секогаш се повикувал за репрезентацијата и кога таа била на најниски гранки и во секакви услови, мене не ми е сфатливо како можат да не сакаат да играат за својата држава, за Македонија, да не им е гордост да го облечат дресот, да застанат мирно на химната, пред целата македонска јавност.

Би сакал да се потсетам на 2011 година кога целиот народ се обедини и заедно го славеше историскиот успех. Како немаат желба повторно да го направат истото, да го направат среќен целиот народ. Тоа го направивме ние, па ракометарите, па сега фудбалерите. Не ми е јасно како немаат желба да видат среќни два милиона луѓе во земјава…

Баш сега бевме сведоци на фудбалерите, колку го направија народот среќен. Фудбалот е фудбал, но и кошаркарите доколку имаат успех, па дури и во младинските категории, сите ќе бидат пресреќни – рече Гечевски на прес -конференцијата пред почетокот на претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година.

Бајиќ: Димитријевиќ нека им објасни на Пандев и Лазаров зошто не игра за репрезентацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот