Гечевски: Буштур сега на небото ќе дава кошеви

Голем број на македонски спортски легенди, активисти и активни спортисти беа на комеморацијата на Благоја Георгиевски – Буштур, кој вчера во утринските часови трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Помеѓу говорниците на комеморацијата беше и директорот на Кошаркарската федерација на Македонија, Тодор Гечевски.

– Тешко е да се зборува во вакви моменти. Место да ги славиме големите успеси во неговата кариера, сега зборуваме за него, без него крај нас. Сигурно беше голем кошаркар, така ми велат другите. Сигурно беше инспирација за цела генерација. Денеска зборувам за него како човек. Кога дознав за тажната вест се потсетив на нашата прва средба. Покрај во кошарката колеги бевме и во риболовот. Жалам што иако многу пати се договаравме никогаш не отидовме заедно. Се надевам дека сега на небото ќе дава кошеви и ќе фаќа големи риби – рече Гечевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот