Гебрејсус: СЗО ја доби потребната политичка и економска помош

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Франција и Германија денеска изразија политичка и финансиска поддршка за Светската здравствена организација во борбата против вирусот Ковид-19, а Берлин отиде чекор подалеку најавувајќи дека годинава ќе уплати половина милијарда евра во фондот на организацијата.

Претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција рече дека, и покрај критиките на САД дека организацијата не реагирала доволно брзо на појавата на болеста, таа ја добила потребната политичка и економска помош.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан објави дека тие 500 милиони евра се најголемата сума што Германија досега ја донирала на СЗО.

– Денес, повеќе од кога било, ни треба силна, транспарентна и одговорна СЗО. СЗО е способна да ги води и координира напорите на светско ниво, рече Шпан.

Франција соопшти дека ќе донира 90 милиони евра на Центарот за истражување на СЗО во Лион, како и дополнителни 50 милиони евра.

– Искрено верувам дека, повеќе од кога било, на светот му е потребна мултилатерална организација. Ни треба глобален одговор и само СЗО може да го обезбеди, рече францускиот министер за здравство Оливер Веран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот