Гебрејесус порача: Вакцина против коронавирусот за сите, како јавно добро

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Руската вакцина мора да помине низ испитувања за да биде целосно сигурна и безбедна, велат од СЗО.

До економско закрепнување во светот би можело да дојде многу побрзо доколку која било вакцина против Ковид-19 е достапна за сите, како јавно добро, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус говорејќи на видео-панел со членовите на Форумот за безбедност во Аспен, САД.

Директорот на СЗО посочи дека отворениот пристап за сите жители на планетата до вакцината и сите други средства против короната, всушност ќе му помогнат на светот побрзо да закрепне од последиците на пандемијата.

– Економското закрепнување би било побрзо, а штетата од коронавирусот би била помала. Да се однесува на национално ниво кога станува збор за вакцината не е добро и нема да му помогне на никој, истакна Гребрејесус.

Коментирајќи ја најавената руска вакцина, директорот на Вонредни состојби во СЗО, Мишел Рајан, рече дека секоја вакцина мора да помине низ испитувања за да биде целосно сигурна и безбедна, и апелираше до сите што ќе успеат да развијат вакцина, нејзината ефикасност да ја прикажат на традиционален клинички начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот