Гебреисус: Сè уште е многу рано да се зборува за крај на пандемијата

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

 Генералниот секретар на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека и покрај тоа што се намалува бројот на новозаболени и починати од последици од Ковид-19, многу е рано да се зборува за крај на пандемијата.

– Втора недела по ред гледаме пад на бројот на инфицирани и починати. Но, во исто време, но и понатаму е загрижувачка ситуацијата во голем број држави. Ковид-19 е далеку од крајот, истакна Гебреисус.

Од почетокот на пандемијата во светот со Ковид-19 се заразени 164.028.494 луѓе од кои 3.398.067 починале, а оздравеле 142.640.911 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот