Гебрејесус разочаран од одлуката на Кина да не дозволи влез во земјата за тимот на СЗО

Тедрос Аданом Гебрејесус / Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Геберјесус изјави дека е многу разочаран што кинеските власти не дозволија влез во земјата за експертите за испитување на потеклото на ковид-19.

Тој наведе дека дел од експертите веќе тргнале кон Кина, а на другите патот им е откажан во последен момент.

– Добивме уверување дека Кина ги забрзува внатрешните процедури за што поитно решавање на овој проблем, посочи Гебрејесус.

Тој истакна дека стапил во контакт со кинеските власти и оти мисијата е приоритет на СЗО и на меѓународниот тим.

Претходно беше соопштено дека кинеските власти не дозволиле влез на претставниците на СЗО кои треба да го истражат потеклото на ковид-19 во кинескиот град Вухан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот