ГДУ: Помалку часови, помали паралелки и специјализирана настава според потребите на младите таленти

Петар Колев ГДУ/ Фото: Утрински брифинг

Помалку часови, помали паралелки и специјализирана настава според потребите на младите таленти, е насоката на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) која се залага за реформирање на македонското образование според германскиот модел.

-Со постојната настава создаваме кадри кои тешко можат да бидат конкурентни на идниот европски пазар, каде со членството се стреми Македонија. Предлагаме реформи да избегнеме да креираме иднина која во рамките на европското семејство ќе биде подолу на скалилата на работната сила. Сметаме дека македонското образование треба да биде по германскиот модел – малку часови, малку ученици на час, со малку и точно специјализирани предмети за да ги развиваме талентите на нашите деца. Крајно време е да имплементираме систем во образованието какви што постојат во Словенија, Германија, Австрија, Холандија…”, потенцира претседателот на ГДУ, Петар Колев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот