Газета Експресс: Од 1 јули хаос на северот на Косово, ништо нема да работи вклучувајќи ги и пекарите

Фото: Газета Експресс

Србија наводно подготвува сценарио за „хуманитарна катастрофа“ на северот на Косово. Евидентно е дека српските општини се без храна и без лекови по драконските такси за српските производи наметнати од страна на Приштина. Како што изјавува Радош Петровиќ, Претседателoт на Здружението на стопанственици во северно Косово, од 1 јули сите продавници за храна и пекари нема да работат, јавува Газета Експресс.

Радош Петровиќ, изјавил дека од понеделник, 1 јули, продавниците за храна, киосците, па дури и пекарите нема да работат во овој дел од Митровица поради тоа што српската заедница е под тотална блокада, оставена без основни животни намирници.

„Плански не застрашуваат поради тоа што на Приштина целта и е да го исели српскиот народ од северот на Косово“ изјавил директорот на Клиничкиот Центар во Косовска Митровица доктор Милан Ивановиќ. „Болниците работат како умеат, а лекови и санитетски материјал се носат со возилата за брза помош додека итните случаи ќе мораат да се пренесат во болниците во Србија.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот