„Газета дело Спорт“: Трајковски со трансфер во „Ла Лига“ (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

„Газета дело Спорт“: Трајковски со трансфер во „Ла Лига“ (ФОТО)

Според новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Шира, летово се очекува македонскиот репрезентативец Александар Трајковски да ја напушти Италија.

Според овој извор, односно зборовите на новинарот Шира, Трајковски ќе ја продолжи кариерата во Шпанија, поточно во екипата на Мајорка. Иако од претходно се шпекулираше дека би можел да остане на Апенините

Мајорка лани успеа преку плејофот во Сегунда да се промовира како учесник во најсилната шпанска фудбалска „Ла Лига“ за сезоната 2019/20.

– Поранешниот играч на Палермо Александар Трајковски оди во Мајорка, со договор на три години – вели Шира на својот Твитер профил.

Во Мајорка би заработувал 650.000 илјади евра годишно и со многу висока клаузула од 45 милиони евра во самиот договор.

На тој начин би имале уште еден наш репрезентативец во „Ла Лига“, Енис Барди моментно ги брани боите на Леванте, а уште е неизвесно дали голманот Столе Димитриевски ќе продолжи за Рајо Ваљекано со настапи во Сегунда.

Трајковски (26) досега заедно со Илија Несторовски беа дел од Палермо, овој вториот се врати во Серија А засилувајќи го тимот на Удинезе.

Освен за Палермо, Трајковски настапувал во кариерата уште за Цементарница 55, Интер Запрешиќ, Зулте Варегем и Мехелен. За А репрепрезентацијата на Македонија има 49 мечеви и 15 голови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close