Фото: EPA-EFE/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP

Газењето на студентката Вучиќ го изедначи со навредите кон неговите поддржувачи

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм изјави дека поминале два и пол месеци од страшната трагедија во Нови Сад и дека државата си ја завршила работата како што ветила. Тој го коментираше и газењето на студентката на улицата Рузвелтова во Белград, која во таа прилика беше тешко повредена.

Обвинителството спроведе истрага, полицијата ги собра сите информации, обвинителството покрена обвиненија и сега судовите треба да ја донесат својата одлука“, рече српскиот претседател во видео пораката на својот Инстаграм профил, додавајќи:

„Во меѓувреме бевме сведоци на злоупотреба на трагедијата, како и обично од страна на истите политички субјекти кои можат да ја преземат власта само без волја на народот, без демократија и без избори. И тоа нема да биде голем проблем, бидејќи на крајот ќе го решиме преку демократско изразување на волјата на народот. „Но, проблем е кога со денови користите внатрешен студентски конфликт како повик за насилство врз политичките неистомисленици, а уште поголем проблем е она што се случи денеска во Белград и Нови Сад“, пренесува N1.

Тој изјави дека во Белград „на страшен начин“ е повредена девојка бидејќи, како што истакна, „некој многу неодговорен се обидел што побрзо да помине низ зоната каде што бил блокиран патот“.

„Тоа лице е уапсено, приведено, а квалификацијата на делото е најсериозно, рече Вучиќ, додавајќи дека нејзиното семејство го контактирал министерот за здравство Златибор Лончар.

Но, Вучиќ истакна и дека во исто време во Нови Сад била понижена и повредена една постара жена, која, како што рече, била виновна само затоа што сакала да ја помине блокадата и да оди дома.

Кај нас никогаш не смее да се повтори таа грда и ужасна слика на понижување и повредување на некој постар само затоа што размислува поинаку“, нагласи Вучиќ, истакнувајќи дека лично разговарал со постарата жена.

Тој додаде дека сите лица мора да одговараат за секој инцидент. Тој повика и на намалување на тензиите.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Возач покоси студентка на блокадата во Белград и избега

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот