„ГАЗЕЊЕ“ КОН ПОЛУФИНАЛЕ: Ракометарките со лекција за Азербејџан!

vardarfans.mk

После стартниот пораз од домаќинот со 24:23 и триумфот над Белорусија (30:29), денеска нашите надежи повторно блескаа овојпат против Азербејџан славејќи со 30:23.

На тој начин „црвено-жолтите“ дојдоа на чекор до полуфиналето на ЕХФ шампионатот, а во последното коло в среда од 18.00 часот ќе ги одмерат силите против Полска.

Доминираше голманката Симона Грујовска со 19 одбрани, а МВП наградата дојде во рацете Ангела Костовиќ која беше најефикасна со пет голови, по четири ја следеа Андреа Седлоска, Ангела Јанкуловска, Ивана Џатевска и Стефанија Ѓорѓиевска.

Моментно на табелата води Италија со шест максимални бодови, пред Македонија со четири, Белорусија и Полска имаат по два, а Азербејџан ниту еден.

Во другата група А ситуацијата е следна: Исланд (6 бодови), Чешка (4), Израел (4), Турција (2) и Косово (0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот