Газдите на Милан го отпуштија Бобан преку писмо

twitter/TeamMilanAC

„Газета дело спорт“ пренесува дека спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан, во петокот добил отказ поради незадоволителните игри на екипата оваа сезона, но и за јавната критика на полотиката на инвестицискиот фонд Елиот, кои се сопственици на „росоњерите“.

Бобан јавно го изрази незадоволството поради тоа што извршниот директор Иван Газидис се договори со Ралф Рангник за следната сезона тој да седи на клупата и да го има последниот збор за трансферите.

И тоа во време кога „росоњерите“ почнаа да играат подобро, а први оперативци во тимот се тој и уште една легенда, Паоло Малдини.

„Газета“ наведува дека коментарите на Бобан ги разочарале сопствениците на екипата кои во петокот преку писмо го известиле поранешниот фудбалер дека неговиот мандат како спортски директор во Милан е завршен.

Се претпоставува дека слична судбина го очекува и Паоло Малдини, уште една клупска легенда.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот