Газдите на Јунајтед не менуваат, Солскјер сè уште има поддршка

фото:twitter/manchesterunited

Манчестер јунајтед катастрофално ја отвори сезоната, по осум кола се наоѓа на 12. позиција со само девет бодови, што претставува најлош старт во историјата на клубот откако е формирана Премиер лигата. Последниот пораз за „црвените ѓаволи“ беше во неделата кога на „Сент Џејмс парк“ загубија од Њукасл со 1:0. Агонијата на навивачите е поголема ако се знае дека лидер на табелата е најголемиот ривал, Ливерпул со дури 15 бодови повеќе, а се наоѓаат на само два бода од зоната на испаѓање.

Јунајтед нема победа на гости од февруари годинава, а покрај тоа екипата не може да постигне повеќе од еден гол на натпревар откако во првото коло на „Олд трафорд“ го совладаа Челси со 4:0, а веќе во наредното коло по репрезентативната пауза го очекува големото дерби против Ливерпул, а потоа и со шампионот Манчестер јунајтед.


Навивачите на Јунајтед бараат оставка од менаџерот Оле Гунар Солскјер, во тие останаа разочарани од одлуката на сопствениците на клубот. Според неименуван извор од клубот, семејството Глејзер се уште има доверба во Солскјер дека е човекот кој ќе го извади тимот од големата криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот