Газдите кои не ја исплатија државната помош на работниците ќе се спасат од кривична одговорност

Фото: Архива на СП

Околу 160 работодавачи од вкупно 551 кои ја затаија државната помош и не ги исплатија парите на работниците ќе се спасат од кривична одговорност, пишува Алсат.

Спортивно на изјавата на директорката на УЈП Сања Лукаревска дадена за една локална телевизија, дека одговорност ќе има за сите кој се нашле на првично објавената листа, Генералниот секретаријат реши да им остави простор на газдите до утре да избегнат кривична одговорност.

-Во понеделник ќе ја доставиме листата до Основното јавно обвинителство за фирмите кои според ажурираниот список на УЈП до утре нема да исплатат плата на вработените, а на кој им била исплатена финансиска помош. За оние кој извршија исплата во претходните денови нема да се бара кривична одговорност- рече Драги Рашковски, Генерален секретар на Владата.

Последниот ажуриран список од УЈП се однесува на газдите кој заклучно со 4 август не ги исплатиле платите на вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот