Газдата на Јуве Ањели има нов план против УЕФА

Андреа Ањели не се откажува од проектот за т.н. европска „Суперлига“/Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

По неуспехот на проектот минатата година пред неговиот почеток, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели не се откажува од проектот на новата т.н. Суперлига, пишува „Гаѕета дело Спорт“.

Во април минатата година проектот на европската суперлига заживеа 48 часа, но беше затворен откако први се повлекоа англиските клубови по заканата од УЕФА и протестот на навивачите, а потоа и сите други, освен Јувентус, Реал Мадрид и Барселона.

Иницијаторите за создавање на споменатата лига, претседателите на Јувентус и Реал Мадрид, Андреа Ањели и Флорентино Перез и покрај заканите на УЕФА дека ќе ги дисквалификува од сите натпреварувања, сепак не се откажуваат, туку зад грб прават сличен проект.

Тоа ново натпреварување би го играле 24 клуба, но не се знае како и по кој критериум би се обезбедил пласманот.

Засега не се знае како на ова ќе реагираат челниците на УЕФА, кои лани јасно ставија до знаење дека ќе ги избркаат сите кои ќе играат во натпреварувања кои не се под нејзино покровителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот