Газдата на Хјустон рокетс тежи скоро пет милијарди долари, а отпушти 40.000 работници

твитер

Тилман Фертита, сопственикот на Хјустон рокетс отпушти 40.000 рабитници поради пандемијата на коронавирусот која силно го зафати и САД.

Фертита е сопственик, претседател и извршен директор на Landry`s Inc, еден од најголемите ланци на ресторани во САД, а магазинот „Форбс“, богатството на газдата на Хјустон го процени на 4.6 милијарди долари.

Фертита кој има повеќе од 600 ресотрани, хотели, казина и други објекти за забава во САД, во разговор за Блумберг призна дека отпуштил 40.000 работници.

– Сакам секого од сите нив повторно да ги вработам, ова е тешко време за работници и нивните семејства, но мора да преживееме или компанијата повеќе нема да постои – се правдаше милијардерот за потегот кој беше осуден од сите, и медиумите и политичарите и граѓаните во САД.

Телевизијата Блумберг објави дека за време на кризата поради коронавирусот, приходите од продажба во рестораните на Фертита паднале од 12 на 11 милиони долари и дека поради тој еден милион отпушта работници.


Минатата недела, Фертита на своите вработени им ги укина бенефициите и платените годишни одмори на работниците во рестораните чиј профит е опаднат откако беа ограничени само на доставување на храна, а неколку дена подоцна под притисок на јавноста, се премисли.

Сепак, во средата Фертита отпушти дури 40.000 работници или 70 проценти од персоналот во рестораните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот