Газдата на Фиорентина има порака за Јувентус и Арсенал во врска со Влаховиќ

Влаховиќ моментно е прв стрелец во Серија А/ фото: EPA-EFE/Claudio Giovannini

Сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо им порача на сите заинтересирани екипи за Душан Влаховиќ, дека мора прво да се обратат во клубот.

Српскиот репрезентативец со секое коло во Серија А си ја крева цената на трансфер пазарот каде постои голем интерес за неговите услуги. Најзагреани за Влаховиќ моментно се Јувентус, Тотенхем и Арсенал, но бројката на зантетересирани екипи да биде уште поголема на стартот од зимскиот преоден рок.

Досега само Тотенхем и Арсенал, доставија официјални понуди за Влаховиќ кои беа одбиени од Фиорентина, а сега Комисо им порача на сите екипи прво да се обратат кај нив, а не кај менаџероте на фудбалерот.

– Не знам дали Јувентус ќе биде во можност да го ангажира Влаховиќ во јануари. Само сакам да им кажам на сите, но и на Арсенал – Влаховиќ е во сопственост на Фиорентина. Затоа треба прво да преговараат со нас, а не со неговите агенти – порача Комисо.

Душан Влаховиќ со 12 постигнати голови е прв стрелец во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот