Газдата на „Беса транс“, во чиј автобус живи изгореа 45 луѓе, не се чувствува виновен за фалсификувањето на лиценцата

автобус, сообраќајка, бугарија
Македонскиот автобус кој изгоре во страотна несреќа во Бугарија / 23 ноември 2021 / фото: ЕПА/ЕФЕ

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна судењето за „Беса Транс“. Управителот на компанијата не чувствува вина за фалсификувањето лиценца за автобусот, со кој во ноември лани во несреќа загинаа 45 луѓе. Обвинителот вели дека автобусот без валидна лиценца 120 пати одел преку границите и се враќал во земјава.

„Не се чувствувам виновен“, изјави пред судот управителот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу.

Тој и компанијата како правно лице се обвинети за фалсификување извод од лиценца за вршење меѓународен патен сообраќај, за автобусот со кој во ноември лани во несреќа во Бугарија загинаа 45 лица.

Обвинителот Милошески наведе дека автобусот 20 пати преминал граница со фалсификувана лиценца на граничните премини во 2021 година. Најмногу, 10 пати поминал на „Деве Баир“, возел на релација од Скопје кон Истанбул. Сведочеше и претставник на Министерството за транспорт и врски.

Тој објасни дека компанијата „Беса Транс“ имала лиценца за слободен меѓународен превоз на патници, којашто се однесува на фирмата и врз основа на неа се издаваат изводи од лиценци за секое возило посебно.

Според сведочењето, изводи од лиценци „Беса Транс“ имала за пет автобуси, но не и за автобусот од несреќата. Обвинителниот предлог за цариниците, кои биле должни да ги контролираат изводите од лиценци, обвинителството со доказите ќе ги достави до специјализираното Одделение за гонење кривични дела сторени од лица со посебни овластувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот