Газда на обложувалница најмил луѓе да го испразнат магацинот, сакал да го лаже ортакот дека ги ограбиле непознати крадци

Фото: МИА

Еден од двајцата сопственици на гостиварска обложувалница, албански државјанин, најмил луѓе од Скопје да го испразнат магацинот, со план да му каже на својот ортак дека се ограбени од непознати крадци, соопшти МВР.

„На 08.06.2023 во 18.50 часот на улица „ЈНА” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Џ.Ф.(28), Ј.И.(26), Е.Е.(23), С.Д.(31) и еден малолетник, сите од Скопје. Тие биле затекнати при товарање предмети во товарно возило со скопски регистарски ознаки, кои ги земале од магацин, кој го користела спортска обложувалница. Во врска со настанот, во 23.30 часот во Тетово, од слобода бил лишен и Е.П.(33) од Република Албанија, со регулиран престој во Гостивар, кој, според пријавеното, ги ангажирал лицата да ги земат предметите од магацинот на обложувалницата, без знаење на М.У.(37) од Гостивар, кој му бил партнер во обложувалницата“, велат од полицијата.

Осомничените биле задржани во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот