Гавриловиќ: Одговорно тврдам дека апликацијата „Стоп Корона“ гарантира целосна заштита на приватноста

Саша Гавриловиќ од Некстсенс во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за апликацијата „Стоп Корона“, за тоа колку луѓе до сега ја имаат активирано истата и начинот на кој функционира.

-До сега апликацијата „Стоп Корона“ ја имаат инсталирано 37.000 граѓани. Генерално сме задоволни со темпото со оглед на тоа што се поминати само 2 дена од нејзината промоција. Одговорно тврдам дека апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста. Таа во никој случај не ги следи контактите, не користи локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат апликацијата.

Функционира со анонимизирани кодови (шифри) кои се генерираат за секоја апликација со нејзиното активирање. Единствен податок што го бара апликацијата е мобилниот број на корисникот. Корисникот е потребно доброволно да го внесе својот мобилен број за да ја активира апликацијата (го потврдува својот број со внес на СМС код пратен на тој број). Овој податок се евидентира на безбеден сервер на Минстерството за здравство. Ниту еден друг корисник нема пристап до мобилните броеви, ниту пак некаде се чува податок за сопственикот на бројот. Би сакал да појаснам дека се регистрира само бројот, без никаков друг личниот податок. Не се собира информација во однос на локација, слики или пак други инаформации врз кои се дигна прашина, вели Саша Гавриловиќ од Некстсенс.

Властите во Сингапур изработија ваква апликација за полесна детекција на заразени лица од коронавирус, а за нејзино користење не е потребно да се има вклучен интернет.

Иницијативата дојде по објавувањето на слична апликација од Сингапурските власти. Ова е концепт кој што дава сигурност на приватност на податоците, а притоа да се помогне на здравствените власти да дојдат брзо до одговорот со кого заболениот бил во контакт во последните 14 дена. Сметаме дека вака би придонеле за што е можно побрз и поточен одговор, вели.

Морам да напоменам дека за да се користи апликацијата не е потребен вклучен интернет. Кога сте блиску до друг телефон со активна апликација, двата телефони користат Bluetooth за да разменуваат шифри (алиаси) од апликацијата. Истите може да ги декриптира само Министерството за здравство и не го открива вашиот идентитет или идентитетот на другата личност, изјави Гавриловиќ.

Тој истакна дека за поголем ефект, неопходно е повеќе луѓе да ја инсталираат апликацијата.

Идејата на апликацијата е кога се наоѓате во банка, маркет, каде што има поголема фрекфенција на луѓе со кои не се знаете, а се во вашата близина и ја имаат апликацијата ќе ги разменат информациите. Во оној момент, доколку некој биде заболен, ќе биде пред епидемиологот кој ја прави здравствената анализа. Значи кога ќе се увиди тоа, здравствените власти ќе ве замолат да ги испратите податоците, кои одат до Централниот систем и само во тој момент се има информации со кого сте биле во близина и во контакт во претходните 14 дена.

Морам да напоменам дека би биле задоволни доколку имаме 100.000 корисни, бидејќи тогаш би имало поголем ефект и би било од огормна помош на Здравствените власти, вели Гавриловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот