„Ѓаволска“ завршница на Јунајтед

Манчестер јунајтед како гостин со 4:1 го совлада Њукасл во петтото коло од Премиер лигата.

Натпреварот кој се играше на „Сент Џејмс Парк“ најдобро го отсликува стартот на сезоната на Манчестер јунајтед, примен гол уште на стартот и тоа поради катастрофални грешки на одбраната, а потоа мачење и надеж дека Бруно Фернандеш со некоја мајсторија ќе ги сврти работите.

Овој пат тоа им успеа на „црвените ѓаволи“, откако уште во третата минута имаа негатива поради автоголот на Лук Шо. Интересно е што Јунајтед на сите четири натпревари досега одиграни во Премиер лигата прими гол и тоа се случува за прв пат од сезоната 2001/02.

До крајот на полувремето, Јунајтед се враќа во игра преку дежурниот виновник за киксевите, Хари Мегваер кој во 23. минута скокна највисоко и донесе израмнување.

Манчестер јунајтед имаше можност во 58. минута да поведе со 1:2 но шутот од пенал на Фернандеш, голманот Дарлоу го одбрани по што следеше ново мачење на „црвените ѓаволи“ и тоа до самиот финиш на средбата.

Прочитајте и...  Македонија на 7 декември ќе ги дознае ривалите во квалификациите за СП

Во последните моменти од натпреварот, Бруно Фернандеш во 86. минута носи водство за Јунајтед, Арон ван Бисака во 90. минута зголемува на 1:3, а конечниот резултат го постави Маркус Рашфорд во 96. минута.

Претходно, Манчестер сити со голот на Рахим Стерлинг во 23. минута го совлада Арсенал, Челзи со три  наспрема два гола го совлада Саутемптон, а Евертон и Ливерпул одиграа нерешено (1:1).

Прочитајте и...  Фати доживеа брутално понижување, Барселона покрена тужба!

Поврзани вести

ВИДЕО: Македонецот пред Ландин, Митревски повторно со најдобрата одбрана во ЛШ!

Слободен печат

Пике: Лео, издржи уште една година, ќе дојдат нови луѓе во Барса!

Слободен печат

ВИДЕО: Митревски и Ристовски во одлична форма пред „мисијата“ ЕП 2022!

Слободен печат

„Ел Класико“ ќе каже многу за иднината на Зидан во Реал!

Слободен печат

Ѓоковиќ на две победи од историја

Слободен печат

ВИДЕО: Бод за Адеми, Милан го освои Глазгов, успешен и Тотенхем!

Слободен печат

Остави Коментар