„Ѓаволска“ работа, Јунајтед за наследник на Солскјер го сака тренерот кој ги понижи и освои титула со Сити

epa07988684 Italy's national soccer team head coach Roberto Mancini attends a press conference in Coverciano, Florence, Italy, 11 November 2019. EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Ново име на листата на потенцијални наследници на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер јунајтед.

Маурицио Покетино добива сериозна конкуренција за клупата на Манчестер јунајтед во името на актуелниот италијански селектор, Роберто Манчини, пишува римскиот весник „Република“.

Манчини веќе има работено во Манчестер, но во „синиот“ дел од градот и на Сити му ја донесе првата шампионска титула во 2012 година, а притоа триумфира и во ФА купот.
Во шампионската сезона, Роберто Манчини го понижи Манчестер јунајтед со убедливиот триумф од 6:1 во градското дерби.
Сепак, наредната 2013 година, поради серија на слаби резултати, Манчини доби отказ од Манчестер сити.

Италијанецот потоа го предводеше Галатасарај со кого триумфира во турскиот куп, по што се врати во Италија но авантурата на клупата на Интер нема да ја памети по добро. Потоа седна на клупата на Зенит со кого ја освои титулата во Русија, по што го презеде кормилото на италијанската репрезентација и ги препороди „аѕурите“.

Предноста на Манчини во однос на Маурицио Покетино кој исто така е сериозен кандидат за наследник на Солскјер, е искуството со работа во големи екипи и знае како се освојуваат трофеи.

Шансите на Манчини да седне на клупата на Манчестер јунајтед се зголемуваат доколку Солскјер си замине по завршување на сезоната бидејќи идното лето ќе се одигра ЕП по што Италијанецот ќе може да пристигне на „ОЛд трафорд“.
Доколку Солскјер добие отказ во текот на сезоната, тогаш главен фаворит за нов тренер е Маурицио Покетино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот