„Гаучосите“ ја демолираа Полска

Репрезентацијата на Аргентина продолжува со одличните игри на Мундобаскетот и во петтиот натпревар дојдоа до петтата победа, и тоа најзначајна со која си го обезбедија првтото место во групата И. „Гаучосите“ со 91:65 ја победија Полска и како првопласирани во својата група одат во четвртфиналето каде ги очекува или Шпанија или Србија.

Од друга страна Полска ќе биде втора во групата и во битката за полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Србија и Шпанија.

Аргентинците уште од самиот почеток го диктираа темпото како што нив им одговара и освен минамалната предност на стартот на Полска (4:5) во останатиот дел од средбата беа во водство. Уште на почетокот од втората четвртина дојдоа до двоцифрена предност, а работата ја завршија во третата четвртина кога направија серија од 24:2 за водство од 31 поен разлика (70:39).

Најефикасен во победничката репрезентација беше ветеранот Луис Скола со 21 поен, а Маркос Делија даде 12 поени. Кај Полска, Еј Џеј Слотер уфрли 16 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот