Гатузо не му верува на Елмас

facebook.com/SSCNapoli/

Тренерот на Наполи ја открива причината зашто македонскиот бисер добива мала минутажа.

Џенаро Гатузо пред неполн месец седна на клупата на Наполи на местото на Карло Анчелоти и на трите меча под негово водство не му даде голема шанса на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Елмас на трите натпревари на Наполи со Гатузо како тренер одигра само 21 минута.

За работите да бидат полоши за статусот на македонскиот репрезентативец, Наполи во зимскиот преоден рок планира засилувања само во средниот ред. Медиумите во Неапол кои имаат само пофални зборови за Елмас во досегашниот дел од сезоната кој во Наполи дојде на инсистирање на Анчелоти, побараа објаснување од Гатузо за состојбата со македонскиот фудбалер.

– Елмас многу малку има играно на позицијата на која сакам да игра. Тој всушност е полукрило и мора да го подобри својот дриблинг. Мојот тим е поразличен од тој на Анчелоти, мојот стил на игра сакам да биде тркачки. Знам дека Елмас може да биде многу посилен. Не станува збор за тоа во каква состојба го наследив тимот, туку едноставно имам поинаков концепт од претходниот тренер и затоа се решив на некои промени – изјави Гатузо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот