Гатузо: Милик си оди од Наполи, Кулибали може да остане!

твитер

Тренерот на италијанскиот клуб Џенаро Гатузо потврди дека Аркадиуш Милик е надвор од составот, но Калиду Кулибали нема да си оди освен доколку клубот не ја добие потребната сума за неговите услуги.

Милик не беше во екипата на Наполи во победата на пријателскиот натпревар против Пескара (4:0), а најновите информации велат дека за потписот на Полјакот се борат Рома, Јувентус и Тотенхем.

– Бевме многу јасни минатата година за Милик, му рековме дека може да го продолжи неговиот договор, но одби и тој знае сега како гледаме на неговиот статус – рече Гатузо за „Скај Спорт Италија“.

Полскиот интернационалец има договор до јуни 2021 година, би можел да си замине ова лето или на крајот од сезоната како слободен агент.

– Доколку не најде друг клуб, тогаш нема да биде лесна ситуацијата за него, затоа што веќе потпишавме со двајца други напаѓачи. Нема место за Милик. Што се однесува до Кулибали, управата ја знае неговата вредност која ја бара од другите клубови и доколку истата не биде исплатена, тогаш нема да си замине – додаде стратегот на „наполитанците“.

За услугите на интернационалецот од Сенегал, Кулибали интерес покажува Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот