Гатузо лут на играчите: Еден ден ќе добијам срцев удар поради ова!

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо беше многу лут на своите играчи на паузата помеѓу двете полувремиња против Риека која водеше против Италијанците со 1:0, но на крајот загуби со 1:2.

Калчолигашот до победата дојде со погодокот на Деме и автоголот на Браут. Риека одигра одлично, особено во првото полувреме, но Хрватите не успеја да го задржат водството.

Клубот од „Сан Паоло“ триумфираше, иако домаќините имаше повеќе шанси во текот на мечот.

– Нема лесни натпревари. Сосиедад ја победи Риека со гол кој беше постигнат дури во 93 минута. Знаев дека ќе се бранат и ќе ја чекаат шансата од контранападите, и повторно нѐ изненадија во првите 30-35 минути. Можеби помисливме дека сме на „прошетка“. Бев многу лут на полувремето. Ризикувавме многу. Одигравме подобро по паузата, но не смееме да си дозволиме вакви грешки во пристапот на почетокот од средбата. Тоа е проблем кој трае од минатата сезона. Во суштина, Наполи има вакви падови и подеми низ годините, па затоа мора да напредуваме – рече Гатузо.

Стратегот на „наполитанците“ истакна дека неговиот состав имаше многу среќа во првите 45 минути.

– Требаше да бидеме постојано подготвени и не ни требаше „шамар“ за да се разбудиме. Работите одеа во наша полза, но доколку немавме среќа, ќе беше многу тешко да се вратиме резултатски. Сакам да ја гледам играта од второто полувреме во текот на сите 90 минути на секој натпревар. Еден ден ќе добијам срцев удар поради ова. Не беше доволно добро. Се подготвувавме за натпреварот, знаевме против каква екипа играме и затоа сум лут. Очигледно е моја грешка што не бевме концентрирани во текот на сите 90 минути – додаде Гатузо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот