Гатузо го одби Пандев, ќе го тренира Несторовски!?

twitter.com/DavideFm1899

Удинезе ги продолжува лошите резултати оваа сезона во најсилното италијанско првенство, во средата на домашен терен загуби убедливо од Рома (0:4).

Екипата од Удине после шестиот пораз сезонава во Серија А моментно е на 14. место со 10 бодови, само три помалку зад Бреша која е во опасната зона за испаѓање.

Навивачите стануваат незадоволни, бараат итни промени кои почнуваат од тренерската клупа, односно се шпекулира заминување на хрватскиот тренер Игор Тудор.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој дојде ова лето од Палермо сеуште не се запишал во листата на стрелците, а против римската „волчица“ настапи во второто полувреме.

Според италијанските медиуми, првите луѓе на Удинезе веќе се во потрага по нов тренер. Се верува дека Џенаро Гатузо е фаворит, а како други кандидати се спомнуваат Пасквал Марино и Стефано Колантуоно.

Овој месец поранешниот играч на Милан ги одби Џенова на Горан Пандев и Сампдорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот