Гастрономски совети: Како да препознаете квалитетно сирење?
Во продавниците денес може да се најдат најразлични видови сирења, но и многу имитации што се неквалитетни.
View this post on Instagram
Специјалистите во оваа област објаснуваат дека зрелото сирење има бела или жолтеникава боја и прави рабови.
Кога ќе го допрете, не треба прстите да ви пропаднат во него. Доколку сирењето е вистинско и постаро, тоа не треба да се рони.
View this post on Instagram
Зрелото сирење има ненаметливо млечно-кисел вкус, но не горчлив. Треба да почувствувате нежен вкус, кој не треба да биде гумен. Исто така, кога ќе пресечете сирење, неговата површина треба да биде сјајна.
Големата разлика во цената исто така е критериум за квалитет, па така можете да препознаете квалитетно сирење од имитација.
View this post on Instagram
Квалитетно сирење од овчо млеко треба да отстои најмалку 60 дена и да созрее, а од кравјо млеко најмалку 45 дена. Доколку не се почитуваат овие рокови, постои опасност од развој на патогени бактерии и затоа недозреаното сирење е поопасно за консумација од други сирења.
View this post on Instagram
Сепак, поопасни се имитациите на сирења во кои има додадено палмино масло и трансглутаминази.