„Гаспром“ предупредува: Транзитот на гас преку Белорусија и Украина е ризичен

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Неизвесноста околу политичката иднина на Белорусија претставува ризик за стабилен транзит на рускиот гас кон Европа, а постои ризик за транзит и преку Украина, предупредува рускиот гасен концерн „Гаспром” во проспектот што го придружува издавањето на неговите еврообврзници.

– Тековните политички немири во Белорусија и неизвесноста за идниот развој на ситуацијата ги зголемуваат ризиците за редовните активности на нашата подружница „Гаспром Трансгас Белорусија”, особено ризиците од нарушување на транзитот на нашиот гас преку белорускиот дел од гасоводот Јамал-Европа, се вели во документот.

„Гаспром”, исто така, забележува на постојан ризик од транзит и преку Украина.

– Покрај нарушувањата што можат да бидат предизвикани од трговски спорови, нашиот транзит на природен гас преку цевководите во Украина може да биде нарушен доколку Украина не успее правилно да ја одржува и да ја гарантира безбедноста на своите цевководи поради тековниот воен конфликт и/или недостиг на финансиски средства, стои во проспектот.

„Гаспром” ги издаде предупредувањата на денот кога се очекува полскиот антимонополски регулатор „УОкик“ да донесе одлука за изведувачот и финансиер на гасоводот „Северен поток 2″, кој би пренесувал руски гас под Балтичкото Море во Германија и натаму кон Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот