Гасперини: Судијата не ни „дозволи“ да играме против Реал Мадрид!

EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини беше разочаран поради црвениот картон во раната фаза и поразот вчера од Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Калчолигашот од Бергамо уште во 17 минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Фројлер.

Тоа на крајот го искористија „кралевите“ со погодок и триумф пред реваншот на „Сантјаго Бернабеу“.

– Судијата го уништи мечот. Можеби секако би загубиле од Реал Мадрид, но барем да ни беше дозволено да играме. Разочарувачки е што не можевме овој натпревар да го играме како што сакаме. Кога ќе останете со 10 играчи на теренот така рано, тоа е нешто сосема друго од она што сте го планирале. Моравме да се браниме и тоа доста добро го направивме – рече Гасперини.

Возвратната пресметка е на 16 март, а стратегот на италијанскиот клуб вели дека знае што е потребно за пласман во четвртфиналето.

– Едноставно е, мора да победиме во Мадрид. Лесно е, нема потреба премногу да се размислува, имаме само една можност. Мора да победиме – додаде Гасперини.

ВИДЕО: Сити и Реал поблиску до четвртфиналето во ЛШ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот