Гасперини се договори со Рома

EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Џанпјеро Гасперини ќе биде новиот тренер на Рома, објавија италијанските медиуми. Гасперини потпиша трогодишен договор со „риманската волчица“ и ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона. Покрај него, во Рома ќе пристигне и Џанлука Петраки од Торино кој ќе биде биде новиот спортски директор. Двајцата ќе имаат задача да направат комплетен ремонт на Рома и главна цел ќе биде пласман во Лигата на шампионите.

Гасперини е бивш тренер на Кротоне, Интер и сега со Аталанта прави чуда во Серија А.
Гасперини за три години колку што е главен тренер на Аталанта, успеа од тиом кој се бореше за опстанок да го направи редовен учесник во европските натпреварувања, а сезонава се наоѓаат и пред пласман во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот