Гасол остана верен на НБА шампионот

twitter.com/97InThe5th

Гасол ја искористи можноста да го продолжи својот договор за сума од 25,6 милиони долари со Репторси.

Тоа го објавија и во Торонто со големо задоволство, и на тој начин решија едно многу важно прашање за наредната сезона.

Со својот тим успеа да ја освои титулата во НБА лигата, во финалната серија беше совладан Голден Стејт Вориорс со 4:2.

Во минатата натпреварувачка сезона во 26 одиграни мечеви во просек имаше по 9,1 поен по натпревар. Пред да се пресели во редовите на Торонто, Гасол играше уште за екипите на Мемфис, Жирона и Барселона.

Во меѓувреме раководството на НБА сака да го скрати времетраењето на регуларната сезона. Според „ЕСПН” се разгледува прашањето за намалување на бројот на натпревари почнувајќи од сезоната 2021/22 на 58.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот