Гасол на својот 40. роденден се дружеше со ќерките на Коби

EPA/PAUL BUCK

Шпанскиот кошаркар во понеделникот го прослави 40. роденден, а денот го помина со ќерките на трагично загинатиот Коби Брајант.

Гасол и Коби заедно освоија две шампионски титули и играјќи заедно во ЛА Лејкерс станаа нераскинливи пријатели. Трагедијата и загинувањето на Коби заедно со ќерката Џиана и уште седум патници во хеликоптерска несреќа која се случи на 26 јануари, го скрши Шпанецот, но на сопругата на поранешниот соиграч и вети дека ќе се грижи за неа и нејзините ќерки.

– Коби ми е како постар брат, личност на која можев да сметам, да се потпрам и на кого можев да му се обратам за се, Бевме блиски пријатели кои се респектираа меѓу себе – зборуваше Гасол за пријателството со Коби Брајант.

Гасол си го одржа ветувањето и својот 40. роденден го прослави така што се дружеше со ќерките на Коби, Наталија, Бјанка Бела и Капри.
„Среќен роденден вујко По. Девојките Брајант те сакаат. Знам дека Коби сакаше да ти каже „среќен роденден, Пабло. Те сакам брату“, напиша Ванеса Брајант на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот