Гасната врска меѓу Грција и Бугарија готова во јуни, од септември ќе тргне азербејџанскиот гас, потврди Петков

Кирил Петков/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска ја посети грчката маршрута на гасната врска меѓу Грција и Бугарија.

Петков кажа дека сите цевки се поставени и доколку гасоводот се заврши до крајот на јуни веќе во септември азербејџанскиот гас целосно ќе може да влезе во комерцијална употреба.

Според Петков, сите цевки се поставени, а мора да се постават и каблите што ја контролираат трасата.

-Физичката инфраструктура на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е веќе распоредена, а во моментов се врши хидраулично тестирање, што значи дека изградбата е многу напредната, што ја потврдува тезата дека во последните три месеци е направено повеќе отколку во последните година, рече Петков, кој изврши увид во изградбата на интерконекторот во реонот на градот Комотини, во северна Грција.

Завршувањето на овој проект е многу важно, бидејќи кога зборуваме за диверзификација, тоа значи пониски цени на гасот, парното и следната зима ќе има помал ценовен притисок во Бугарија.

Петков додаде дека ја минал целата траса и го знаел секој метар од неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот