Гаши: Убеден сум дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за граѓаните, државата и за нас

Африм Гаши
Африм Гаши /Фото: Драган Митрески/ Слободен пеат

Алтернатива ќе влезе во владата ако се усогласат програмските, но и кадровските решенија, порачаа премиерот Заев и лидерот на Алтернатива по првата средба. Идната недела ќе продолжат разговорите. На маса биле и можните кадровски решенија за кои и Алтернатива, но и СДСМ и владините партнери ќе треба да разговараат, за опозициската партија дали се прифатливи, а за власта дали се подготвени да отстапат места за Алтернатива да влезе во владата.

-Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата. Таргетот пред нас се редовни избори, а не вонредни. Продолжуваат разговорите следната седмица. Како нешто ќе утврдиме, така и ќе ја информираме јавноста, рече Заев.

Претседателот на Алтернатива изјави дека сакале да го видат концептот на Заев, и кои би биле следните чекори во евроинтеграцијата. Кажа и дека внатре во партијата ќе разговараат што понатаму. Ќе водат сметка за интересот на граѓаните, државата, Албанците, и за партијата.

Заев во вторник ја најави партиската оставка и кaко што веќе објави „Слободен печат“, ќе има нов лидер и нов мандатар кој ќе формира нова влада. Според Заев, добро би било идниот лидер на СДСМ да биде и новиот мандатар.

-Очекуваме кој и да е наследникот на премиерот да ги почитува одлуките на Алтернатива ако партијата стане дел од владата, изјави Африм Гаши.

Почна средбата Заев-Гаши за можен влез на Алтернатива во Владата

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот