Гаши: Со Али Ахмети имаме заеднички интерес, не сакаме да се коцкаме со иднината на државата

АФРИМ ГАШИ
Африм Гаши / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Шефот на Алтернатива, Африм Гаши во интервју за КосоваПрес вели дека во неговата партија не сакаат да се коцкаат со интеграцијата на земјата во Европската унија.

„Со нашето влегување во Владата овие дилеми се расчистија, имаме ново мнозинство со 64 пратеници и државата гледа кон 2022 година во обид да ги реши овие енергетски и здравствени кризи, но она што е многу важно е дека сме многу блиску до отворањето на преговорите со ЕУ, јануари, февруари или почетокот на март се месеците кои се навистина клучни за нас, отворањето на преговорите за нас би била брилијантна вест. Затоа, мислам дека Алтернатива не сакаше да ја стави оваа голема можност на коцка, за државата, за Албанците и за регионот“, вели претседателот на Алтернатива.

Гаши вели дека кај албанскиот партнер во власта, односно кај Демократската унија за интеграција се обединува интересот за Албанците.

„Главно водевме преговори со Македонската социјалдемократска партија, но имав средби и со господинот Ахмети, кој е другата албанска партија во владата, со кого сакав ова вклучување во владата да не се гледа како на внатрешна битка кај Албанците. Ние сме два ентитета, но има и заеднички инетерси за Албанците“, тврди тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот