Уставен суд / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Гаши преку Уставниот суд ја прашува Владата до каде е со измените на Кривичниот законик

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски денеска информира дека Уставниот суд добил писмо од спикерот на Собранието, во кое се бара од предлагачот на законот – Владата да го информира во која фаза е постапката за Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Костадиновски вели дека предметот е многу сериозен и дека Уставниот суд е должен да ги цени сите околности и да има предвид што ќе значи секоја одлука за владеењето на правото, за правната сигурност и влијанието на слободите и прават на човекот и граѓанинот.

„Ако е тоа така, а така е, замислете ние да бидеме строго формалисти и доколку не му дадеме уште една шанса на законодавецот, условно кажано да се коригира, и ја донесеме одлуката. Тогаш и ние учествуваме во таа непоправлива штета за владеењето на правото и правниот поредок“, рече Костадиновски, додавајќи дека и натаму стои на својот став дека измените на Кривичниот законик, со кои се овозможи застарување на делата на редица функционери обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според Костадиновски со одлуката на Уставниот суд и со должноста на законодавецот да се усогласи со нивните правни стојалишта се брани правната држава, владеењето на правото и правата на човекот и на граѓаниниот.

„Не ни сакам да се обидам да Ви ги објаснам правните последици од една таква наша одлука. Ќе бидат уште подраматични и уште пострашни од одлуката на Собранието да направи такви измени, што значи ќе мора малку трпение. Незгодно е што крајниот рок се поклопи и со изборниот процес. Ќе мора малку трпени и малку слух и најважно од се, со нашата одлука и со должноста на законодавецот да се усогласи со нашите правни стојалишта да ја браниме правната држава, владеењето на правото и правата на човекот и на граѓаниниот, изјави Костадиновски.

Уставниот суд на 12 февруари годинава донесе одлука да се поведе постапка за оценување на уставноста на Законските измени и дополнувања на Кривичниот законик, во целина и дополнително да испрати Известување до Собранието за сомнежите и сознанијата во овој предмет и да му даде рок од максимални шест месеци за да ги коригира спорните законски одредби.

Рокот истече на 12 август годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот