Гардијан: Здравството на 19 земји е пред колапс поради недостиг на кислород

epa09183269 A suspected Covid-19 positive patient receives oxigen treatment at the Covid-19 hospital in Ahmedabad, India, 07 May 2021. According to the Indian Ministry of Health, India recorded 414,000 fresh Covid-19 cases in the last 24 hours. EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI

Десетици земји ширум светот се соочуваат со сериозен недостиг на кислород поради зголемувањето на случаите на ковид-19, и тоа се заканува да предизвика „тотален колапс” на нивните здравствени системи.

Деветнаесет земји ширум светот – вклучувајќи ги Индија, Аргентина, Иран, Непал, Филипини, Малезија, Пакистан, Аргентина, Костарика, Еквадор и Јужна Африка – се сметаат за најранливи откако од март досега регистрираа огромно зголемување на побарувачката на кислород од најмалку 20 проценти. Тие држави вакцинирале помалку од 20 проценти од нивната популација.

Ова се заклучоците од анализата спроведена од Бирото за истражувачко новинарство, кое ги проучуваше податоците на коалицијата „Секој здив се брои”, невладината организација „Пут” и Клининтовата иницијатива за пристап до здравствена заштита, пренесува британскиот весник Гардијан.

Постои загриженост дека други азиски земји како Лаос се во опасност, како и некои африкански земји, вклучувајќи ги Нигерија, Етиопија, Малави и Зимбабве, кои имаат помалку разработени системи за испорака на кислород, наведува британскиот весник, додавајќи дека само мал пораст на побарувачката може да создаде големи проблеми.

– Многу од овие земји се соочија со недостиг на кислород пред пандемијата, изјави Лит Гринслејд, координаторка на коалицијата „Секој здив се брои”.

Таа додаде дека состојбата од минатата година во Бразил и Перу, и повторно во јануари годинава, требаше да биде повик за тревога.

Видео на денот