„Гардијан“: Скоро 875.000 граѓани на Лондон имаат повеќе од еден милион долари

Лондон го надмина Њујорк според бројот на доларски милионери и стана прв град во оваа категорија во светот, според годишното истражување на агенцијата за недвижнини „Најт Френк” за најбогатите луѓе во светот.

Скоро 875.000 граѓани на Лондон имаат над еден милион долари, јави „Гардијан“.

Тоа практично значи дека секој десетти жител на главниот град на Велика Британија е милионер, што покажува дека постои голема јас меѓу лондончани, бидејќи, според владини податоци, над два и пол милиони лица (28 проценти) живеат во сиромаштија.

Извештајот покажува дека 874.354 луѓе имаат недвижен имот, вредности и пари кои надминуваат еден милион долари, додека во второпласираниот Њујорк има околу 820.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот