„Гардијан“ објави туристички водич низ „Дивиот исток“: Пет балкански земји кои треба да ги посетите

Гардијан: Пет балкански земји кои треба да ги посетите / Фото: Pexels/Unsplash

Британскиот весник „Гардијан“ објави напис за патување, актуелизирајќи го нашиот регион, кој воедно го нарече „Дивиот исток“. Беа претставени пет земји и нивните туристички потенцијали, меѓу кои и нашата земја.

„Завршивте со Шпанија, Италија и Грција? Овие земји нудат спектакуларни пејзажи, недопрени места за капење, древни градови – и пристапни цени“, вака „Гардијан“ ја започна статијата за туристичките дестинации на Балканот.

Црна Гора

Со Јадранот на југ и планинските масиви на север, Црна Гора е добро место за комбинирање на одмор на плажа со поактивен одмор. Плажата е центрирана на средновековниот град Будва, кој има песочен и каменест брег долг 35 километри. Скадарското езеро, најголемото во јужна Европа, е оддалечено околу еден час возење и е совршено за пловење со чамци и ужување во природната убавина.

Не смеете да го пропуштите и Бококоторскиот залив кој личи на фјорд и е опкружен со планини. Ова место е заштитено и од УНЕСКО. Околу неговото крајбрежје има неколку средновековни градови, бројни цркви и манастири. Туристите можат да го посетат барокниот град Пераст, како и островот Госпа од Шкрпјела. Во градот Котор, 1.355 скалила водат до тврдината Свети Иван, со спектакуларен поглед. На север, знаменитостите вклучуваат мавзолеј на планината на владетелот Петар II Петровиќ Његош од 19 век, потоа Цетиње, поранешната престолнина, и манастирот Острог, кој е изграден во карпа.

„Постои и Националниот парк Дурмитор со своите шуми, езера и планини, кои се крајна дестинација за авантура на отворено во Црна Гора. Жабљак, највисокиот град на Балканот (1.456 метри), е исто така добра база. Посетителите можат да се пуштат по зип лајн преку 1,3 км од длабокиот кањон Тара, на рафтинг на реката Тара и да пливаат во Црното езеро“, напиша Гардијан.

Косово

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IMAGE of KOSOVO (@imageofkosovo)

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година и останува главно неоткриена туристичка дестинација, која можеби сè уште се поврзува со едногодишната војна во 1998 година. Но, денес тоа е безбедно место за патување, со малку гужви и ниски цени. Иако не излегува на море, Косово се состои од две големи рамнини опкружени со планини со 50 врвови повисоки од 2.000 метри. Ова значи одлично пешачење, јавање и скијање. Со оглед на тоа дека нема море, популарно е пливањето во природни базени – водопадите на Мируша имаат кањони, пештери и 13 езера.

Има жив ноќен живот во главниот град Приштина и во вториот град, Призрен. Ова делумно се должи на фактот што оваа балканска земја ја има најмладата популација во Европа – повеќе од 65 проценти од луѓето се под 30 години. Овие два града имаат и многу џамии, музеи и споменици.

Главните знаменитости вклучуваат четири манастири и цркви под заштита на УНЕСКО – Дечани, Пеќ, Грачаница и Љевиш, потоа светилиштето за мечки, кое е дом на европските кафеави мечки спасени од заробеништво од хуманитарната организација „Четири шепи“ и Мермерната пештера или Гадиме, полна со кристализирани сталагмити и сталактити.

Словенија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slovenia (@slovenia)

Словенија има шармантен главен град – планини, езера и шуми, врвни вина. Љубљана, компактен главен град, е изградена околу реката Љубљаница, со барокни и хабсбуршки згради на двата брега. Може да уживате во чаша вино на тераса покрај реката, а градот има и замок на врвот на ридот, уметнички галерии, театри и музеи (со единствениот комплетен скелет на мамут во Европа во Музејот за природна историја), иконична архитектура од 20 век и пошумениот парк Тиволи.

На северозападниот дел од земјата, главни знаменитости се спектакуларното езеро Блед и езерото Бохињ. Од другата страна на планините, помалку посетената долина Соча нуди планинарење, рафтинг и кајак во лето, а скијање и сноуборд во зима. Движејќи се кон југ, мора да се видат пештерите Постојна и Шкочјан и замокот Предјам, изграден во влезот на пештерата. Пиран е град со разгледници на брегот, со италијанска архитектура која го одразува вековното венецијанско владеење.

Источна Словенија е винска земја – живиот град Марибор може да се пофали со најстарите лози во светот – и е добар избор за престој на фарма. Птуј, најстариот град во Словенија, е убаво место за еднодневно патување.

Босна и Херцеговина

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Sarajevo (@visitsarajevo.ba)

Друга земја поврзана со војните во 1990-тите, Босна и Херцеговина, се врати на „патеката со ранец“. Главниот град Сараево е споредуван со Истанбул или Ерусалим, поради неговиот стар град, Башчаршија, преполн со базари, џамии и ресторани. Но, да не се заборави и поновата историја, па можете да ги посетите Историскиот музеј и музејот „Тунел на спасот“, кои ја раскажуваат приказната за четиригодишната опсада во која загинаа 10.000 луѓе во 1990-тите.

Мостар, на југ, е втората најголема атракција во оваа земја, град познат по својот прекрасен Стар мост – посетителите можат да платат да скокнат од него ако се осмелат. Помалку туристички (и подолг) е мостот Арсланагиќа во прекрасниот град Требиње на крајниот југозапад. Други познати градови се Травник, поранешниот османлиски главен град и Јајце со својот спектакуларен водопад.

Рафтингот е популарен од март до октомври, a еден од најдобрите региони за рафтинг е околу градот Бихаќ, на брзата река Уна. Други опции вклучуваат повеќедневни пешачење во Националниот парк Сутјеска, ноќевања во планински колиби и 10-дневна планинска велосипедска патека од Мостар до Сараево. Возачите остануваат во пансиони со дроушек и приватни сместувања и јадат локална храна. Во зима, скијањето е достапно во Бјелашница и Јахорина, јужно од Сараево.

Северна Македонија

Црквата „Св. Јован Канео“, симболот на Охрид
Црквата „Св. Јован Канео“, симболот на Охрид / Фото: Pexels/Tamara Jovicic

Северна Македонија е планинска, но зелена балканска земја. Иако можеби нема излез на море, таа е благословен со езера, од кои најпознато е Охридското Езеро. Тоа е едно од најстарите и најдлабоките во Европа, но тука се и Преспанското, Дојранското и повеќе од 50 помали езера.

Охридското Езеро, кое е под заштита на УНЕСКО, е најголемата атракција, опкружено со древни манастири, барови на плажа и рибни ресторани. Активностите вклучуваат часови за готвење покрај езерото, возење е-велосипед, патувања со брод и параглајдерство. Истоимениот град е полн со цркви и споменици, а покрај езерото се наоѓаат живописни рибарски села.

Скопје, главниот град, е помалку атрактивен, но има византиска тврдина плус модерни додатоци како што е Музејот на современа уметност. Националниот парк Маврово, на друго езеро и дом на мечки, волци и рисови, нуди планинарење, возење велосипед, јавање и пливање во лето, а скијање во зима. Тука е и живописниот манастир Св. Јован Бигорски од 11 век. Други национални паркови се Галичица, сместена помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и Пелистер, планина со две езера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот