Кучињата можат да даруваат крв и да спасуваат животи на други кучиња

куче
Фото: Pexels / Yaroslav Shuraev

Сопствениците на кучиња обично не размислуваат за крводарителство сѐ додека не се појави ситуација кога им треба крв. Така, во Велика Британија веќе со години има банка за крв за кучиња, пишува „Гардијан“.

Мејбел е шестгодишно тркачко куче од Велика Британија, но важи и за „шампион-крводарител“ којшто помага преку „Пет блад банк УК“ (Pet Blood Bank UK). Нејзината сопственичка, Џулија Пертон вели дека одењето во банката за крв ѝ станало омилено „излегување надвор“ бидејќи е опкружена со луѓе кои ѝ оддаваат почести.

„Таа го сака тоа. Целиот процес трае околу 10 минути… Видов со свои очи колку е тешко да се добие крв – само од некој што го познаваш, можеби член на семејството или пријател, и ако беше потребна трансфузија за викенд или преку ноќ, тоа беше речиси невозможно“, изјави Пертон за „Гардијан“.

Дарувањето животинска крв во Обединетото Кралство вклучува задолжителен ветеринарен преглед. Кучето дава приближно 450 мл. крв, па како награда, добива кучешки чај и бисквити по дарувањето, како и играчка како подарок.

„Пет блад банк УК“ е засега единствената добротворна банка за крв за животни во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот